Генерациска средба на студенти Роми во Битола

Пет генерации студенти Роми, кои минале или сé уште се дел од програмите на Ромскиот образовен Фонд (РЕФ) и Ромаверзитас, ќе се соберат на генерациска средба во Битола, објави МИА.

Од 19-ти до 21-ви 2018 година, во хотел „Молика“ тие ќе дебатираат на тема „Потенцијалот на Ромите во РМ“.

Настанот е насочен кон истакнување, задржување и унапредување на потенцијалот на учесниците за водство, влијание и промени согласно со стратешките интереси на Ромите. Генерациската средба е посветена за најпосветените, најмотивираните и најамбициозните алумни и студенти кои се стремат кон идеал во дадениот контекст,

Според проектниот меанџер Силхан Саитов од „Ромаверзитас“, целта е да се дискутира на теми и да се артикулираат перспективи на прашања како што се „Каде сме сега? Каде сметаме дека треба да бидеме? Како да се движиме до посакуваната позиција? Како да ги искористиме нашите потенцијали за да и’ помогнеме на нашата заедница?“

Генерациската средба ја организира Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, поддржано од Канцеларијата за ромски иницијативи – Фондација Отворено општество.