Гејминг турнири и Косплеј натпревар на Vip Game Fest 2018

Турнири во Fortnite, Hearthstone, FIFA, Tekken, Cosplay (натпревар во маскирање), virtual racing, натпревар во местење на Рубикови коцки, board games, Magic, редење сложувалки најавуваат за 22 и 23 декември организаторите на гејмерскиот настан Vip Game Fest.

„Сѐ од гејмингот што може да го собере во фоајето на управната зграда на Vip во еден викенд, 22-23 декември! Сите гејмери и гејмерки, а богами и сите рандом љубители на игри, заокружете си го датумот и се гледаме на предновогодишен Vip гејминг жур“, повикуваат организаторите.

Влезот за посетителите како и учеството на турнирите е бесплатно, а во текот на двата дена ќе има постојан стрим во живо на финалните турнири, кој публиката ќе може да го следи на лед екран и на официјалните фејсбук страници на Vip и на GG.MK.

Организатори на настанот се Гораст Цветковски и Самоил Петрески.

Подетални информации околу настанот може да најдете на официјалниот сајт: