Геј и транс Прајд денеска во Белград, центарот на градот под силно обезбедување

Парада на гордоста и Парада на транс личностите, со кои ЛГБТ-популацијата во Србија ќе се обиде да го сврти вниманието на своите барања и својата позиција во опптеството, ќе се одржат денеска во Белград.

Двете групи се собираат на различни места во центарот на градот, за да го завршат собирот со заеднички марш до платото пред Собранието на градот Белград.  Центарот од утринава е преплавен со полицајци во опрема за разбивање демонстрации и оклопни возила, а полицијата, за разлика од неколку претходни ситуации, сега добила позитивна безбедносна проценка за одржувањето на собирите.

Геј и транс Прајд денеска во Белград, центарот на градот под силно обезбедување

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ апелирал на граѓаните да овозможат мирно одржување на двата собира и порачал дека насилството кон ЛГБТ луѓето и полицијата нема да се толерира.

„Граѓаните на Србија мораат да се откажат од насилството, тоа не е одговор, не можете да реагирате ако нешто не ви се допаѓа, со тоа што ќе го кршите градот“, рекол Стефановиќ во изјава за медиумите.

Тој нагласил дека на улиците на Белград ќе има и постапувачки обвинители, кои ќе реагираат веднаш кога ќе забележат насилство.

„Како министер испраќам предупредување до сите, дека нема да имаме толеранција за напад на полицајци, имаме обвинители на терен и ќе реагираме молскавично“, рекол Стефановиќ.

Геј и транс Прајд денеска во Белград, центарот на градот под силно обезбедување

Поздравниот говор на Парадата ќе го одржи драмската писателка Биљана Србљановиќ. Горан Милетиќ од организацијата на собирот вели дека атмосферата пред одржувањето на Прајдот е подобра и поопуштена отколку во претходните години, а и нејзиниот вовед, Неделата на гордоста, поминал без какви било проблеми.

Во минатите години, ваквите собири во Србија често завршуваа со насилство и нереди предизвикани од екстремните десничарски здруженија, од кои повеќето сега се забранети.

„Не верувам дека општеството станало нешто потолерантно кон сексуалните малцинства или дека се одвива некаква суштинска промена во душите на луѓето, да кажам. Но, овие промени се случуваат на политичко ниво и мислам дека тоа е многу важно. Пораките кои се испраќаат преку медиумите, очигледно многу влијаат на расположението во општеството. Исто така, мислам дека упорноста на геј луѓето и на целата ЛГБТ заедница вроди со плод. Има нешто магично во навиката во еден систем на здодевност. Кога нешто секогаш одново се повторува, на крајот сите ќе изгубат волја и ќе остават тоа да се случува. Останува да видиме каква атмосфера ќе се создаде околу самата Парада. Но, некако имам впечаток дека работите се далеку поопуштени отколку што беа во претходните години“, вели книжевникот Владимир Арсенијевиќ.