Гардијан: Несоницата ја буди креативноста кај музичарите

Многу уметници често тврдат дека бессоницата им помага при инспирација. Мет Бери за Гардијан кажува како го напиша неговиот нов албум во текот на ноќите, а Дејв Бајли од групата „Glass Animals” тврди дека неговата кариера се должи на неговата несоница.

Matt Berry, actor, comedian, writer and musician

Минатата година, музичарот и глумец Мет Бери не можел да спие. Тој и порано имал несоница, но овој пат било многу пострашно. Се започнaло со несоницата која го мачела пред важни состаноци, а за да го оттргрне вниманието од тоа, Мет гледал и по неколку филмови, но никако не можел да се врати во постела.

„Ќе заспиев околу 4:30 часот и потоа не можев физички да се разбудам и да станам пред 10, освен ако не бев приморан. Но тоа не беше доволно. Свесен бев за тоа во каков циклус бев паднат, и беше речиси невозможно да запре.”

Во текот на денот се чувствувал изморен, неспан и со вртоглавици. Секоја ноќ се трудел да спие, но резултатот уште повеќе го нервирал. Најпосле одлучил да оди во неговото студио, до неговата спална соба, и да се обиде да напише нешто. Резултатите биле повеќе од восхитувачки, а сите заедно ги склопил во неговиот најнов албум Music for Insomniacs (Музика за Бессонници).

„Знаев дека веќе беше крајно време да направам нешто друго, освен да се загрижувам и жалам. Тоа беше важно. Јас само очајував за моето изгубено време“,  тврди Мет за весникот Гардијан.

Слична приказна има и Дејв Бајли, главен вокал на квартетот „Glass Animals”, кој вели дека ја започнал музичката кариерата само поради неговата несоница. Пишувал песни и текстови само кога имал проблеми со спиењето, во периодот кога заминал на медицински студии во Лондон.

„Беше скоро невозможно да се ислучи мозокот. Секогаш работев доцна, па кога се враќав дома многу размислував. Ми се случуваше да се вратам на работа со само 2-3 часови спиење, но често немав спиено воопшто. Бев многу збунет. Додека ми беше тешко да заспијам навечер, ми беше многу полесно на часови или во болница”

Во неговото експериментално слушање „смирувачка музика“, Дејв или ги сметал песните дека се „тешки“ за пред спиење, или пак премногу монотони, па во секој момент очекувал нешто да се случи и му биле премногу очигледни и вештачки.

Дејв Бајли увидел дека најмногу му одговарале природните звуци, па често пати имал резултати со амбиентална музика.

„Тоа тераше да мислам дека сум на друго место – во шума или клуб – и тоа многу помогна”.

Пробал и други методи, досега познати, (читање, трчање, “заспивна хигиена”, филмови) пред да започне да ја прави неговата музика. Полека напреднал, па им ја покажал својата музика на тројца пријатели со кои денес имаат свој бенд.

„Kога ти се спие, според мене, е многу слично чувството како кога примаш некои наркотици. Логичната страна на твојот мозок полека се исклучува бидејќи нема доволно енергија, додека почнуваат да ти доаѓаат сите оние луди идеи. Мозокот е навистина мистичен! “ – вели Дејв.

Истото му се случувало во неговото студио, кое нема ни прозорци, ниту часовници.

„Како во сон. Некогаш се враќам во текот на денот на она што го имам напишано и си велам – ‘Ова не звучи на мене! ‘ Некои работи никогаш не би ги направил во текот на денот.”
Некои истражувања бараат поврзување меѓу инсомнијата и креативноста, и ја нарекуваат “Креативна Инсомниа”, иако тоа е оспорувано. Но, сепак постојат неколку докази од музичари, како Крис Мартин, Моби, Трики и Кинг Крул, кои тврделе дека несониците им донеле покрај замор, голема инспирација.

Обично Мет Бери неговата музика ја прави едноставна. Тој вметнува најчесто природни звуци како вода и воздух, но сепак ги остава мелодиите прости, за слушателот да поврзе слики кои нему му одговараат. Од друга страна, деби албумот на Glass Animals, „Zaba“, не е направен за лица со несоница, туку е инспириран од неа. Дејв Бајли се уште работи во тивките ноќи, далеку од секакви вознемирувања.

„Правењето на музика не само што ми помогна да спијам доволно, туку и со тек на време засакав да правам музика што ме држеше буден! Главната тема на албумот потекнува од ноќите. Само што ќе легнев, некоја мелодија ќе почнеше да ми се врти и создава во глава, па ќе мораше да станам и да ја снимам, да заспијам на кратко, па да се разбудам наутро со основата на една нова песна.”

Двајцата музичари сега без проблем живеат со несоницата.

„Несоницата нема да владее со моите денови никогаш повеќе“, вели за крај Мет Бери.

„Кога не спиев, нервозен го проверував часовникот на секои 15 минути. Но на крај, само прекинав да се грижам, мирен сум и се трудам да направам нешто ново, во кое ќе уживам”, додава Дејв Бајли.

Извор: Гардијан

Превод: Франка Граждани