Гардијан: Најдобрите нови бендови во 2014 година

Од рап, електронски R&B, индипоп, италијански електропоп, ова се песните од нови изведувачи кои најмногу се истакнале според Гардијан во 2014 година.

Shamir – On the Regular

Shamir Bailey е 19-годишно момче кое имаше значителен музички пристап оваа година. Неговите песни покажуваат дека тој може да произведува повеќе стилови на музика како и што го направи тоа преку акустичните и електронските балади, но и хаус музика.

Prada Mane – Blue Prada

Prada Mane преку ден е студент на школата за дизајн во Роуд Ајленд кој во својата музика го користи емоционализмот на Little Pain, Yung Lean и Lil Ugly Mane.

GL – Won’t You See

GL е дуо од Мелбурн кое продуцира музика во нискоквалитетни услови (lo-fi). Иако е тешко да се избере една песна од четирите бидејќи тие сите се песни на годината, но Won’t You See е збир на нивниот танцувачки ритам.

Gulf – Tell Me Again

Gulfе група од пет лица од Ливерпул специјализирајќи можеби не толку во психоделичната музика (иако се споредувани со Tame Impala) како со dreamy pop  музиката во целост. Гласот на Марк Џоунс е олицетворение на анти-„пеење“ во смисла на тоа дека вложува преголем напор за да ги постигне нотите и да ги изразе нивните чувства. Во целост, тројцата гитаристи, тапанарот и пејачот создаваат индипоп музика на кој може да се танцува.

M+A – Down the West Side

M+A е групата која ја освои публиката на фестивалот Glastonbury во Британија кога беа дел од конкуренцијата за нови таленти меѓу илјадници други учесници. Michele Ducci и Alessandro Degli Angioli сега претставуваат електропоп дуо со акцент на „поп“.