Галуп: Државите во Латинска Америка најемотивни во светот

Државите во Латинска Америка се најемотивните во светот, додека најмалку емотивните нации се претежно од Источноевропските земји, покажува најновото истражување на Галуп.

Боливија и Ел Салвадор го делат првото место на листата со „59“ отсто позитивно одговорени прашања за нивното искуство од претходниот ден. Камбоџа, Иран и Филипините се единствените држави кои не се дел од Латинска Америка, а се во првите десет земји на листата.

Анкетата ја одговориле илјада луѓе од 148 држави во текот на 2014 година. Тие биле прашани дали се чувствуваат луто, стресно или тажно, или пак чувствуваат некој друг вид на емоција. Исто така, анкетираните биле прашани дали биле почитувани, дали се смееле многу и дали се чувствуваат одморени.

Државите се рангирани според просечниот број на одговори со „да“ на прашањата, така што акцентот е ставен на спектарот на емоции, отколку на природата на емоциите.

Поранешните советски земји како Русија, Литванија, Грузија и Белорусија доминираат на дното на листата, правејќи ги најмалку емотивни нации во светот, иако најмалку емотивна држава се покажа дека е јужноазиската земја Бангладеш со 37 отсто позитивни одговори од вкупниот број прашања.