[Галерија]Најдоброто сместување на колеџите во САД

Кога американските ученици заминуваат на колеџ, нивните кампуси стануваат нов дом, далеку од дома. Некогаш во нив остануваат по по 4 или повеќе години. Затоа е важно за многу ученици да се осигураат дека сместувањето ќе биде во најдобар ред.

Сајтот за рангирање на училиштата Niche направи листа на најдобрите сместувачки кацацитети на колеџите во САД, која е направена во комбинација со анкета меѓу учениците за квалитетот на живот , трошоците, капацитетите и стапката на криминал.

Листата од 10 најдобри сместувачки капацитети и изјавите на учениците погледнете ги подолу:

10. „Florida Gulf Coast University“, Флорида

„Големи соби за бруцошите, чисто и пространи“, вели еден од улениците . „Секое лице добива своја соба.”

„Освен цената, на кампусот на FGCU  домувањето е извонредно“, вели друг. „Многу е пристапно и има модерни услуги кои птават да биде удобно”.

9. Christopher Newport University, Вирџинија

„Сместувањето е навистина убаво, речиси како апартман, дури и за бруцоши“, напишал студент во анкетата.

„Има многу опции за оние од понапредните години, а сместувањето станува се подобро. Во првата година ученикот има сопствена соба, ако сака, со кујна и дневна , голема бања, фен. Чини малку повеќе, но учениците добиваат квалитет за парите.

8. Union University, Тенеси

„Домувањето е она што ме доведе на Union,” признава ученик. „ Не сакав јавни бањи, а Union нвистина ги нема. Сите соби се во апартмански стил, со бања, 4 спални, кујна и дневна“.

7. California Baptist University, Калифорнија

„Го сакам животот во кампусот. Дава сосема ново акспект на искуството со колеџот. Доаѓам од друга држава, па добро е да имаш чиста и пространа дневна соба, дури и за бруцош“.

6. Rice University, Тексас

„Rice” има систем на домување на колеџот сличен на оној во Хари Потер”, вели ученик. „Овој систем генерира навистина пријателски и тесно поврзан

5. Yale University, Конетикат

„Еден од моите омилени нешта на Јеил е системот за домување Кога влегувате на Јеил,во вашата прва година, по случен избор се распоредувате во еден од 12 „станбени колеџи”, кои се во основа само различни домови со кои сте поврзани следните четири години. Секој станбен колеџ има своја менза, заедничка соба и подрум за различни погодности (но може да има и теретана, театар, музичка соба, или повеќе!).

4. High Point University , Северна Каролина

„На кампусот на High Point домувањето е неверојатно! Сите домови се неодамна реновиран или се сосема нови,” се фали во анкетата еден ученик. „Сместувањето на колеџот е добро одржувано, пространо и се надградува. Дури и стандардните домови на кампусот се поубави од повеќето места каде студентите живеат во текот на сите четири години од училиштето.”

3. Regent University, Вирџинија

„Нашите соби се многу пространи“ објаснува студент. „Секоја соба има своја кујна и бања, заедно со дневна и спална соба, па тоа е практично стан. Ова е најдоброто нешто во светот. Тоа е одлично место за да се повлечете на крајот на денот…”

2. Bowdoin College , Мејн

„Сместувањето на Bowdoin во првата години е во простории коишто се поубави од многу училишта”, пишува еден студент. „Тие се опремени со перална и место за чување велосипед во подрумот, а собите се или за четворица (заедничка соба и две спални) или за двајца (заедничка соба и спална соба).”

„Не постои дефинитивна причина зошто скоро сите студенти бираат да живеат на кампусот сите четири години”, пишува друг.

1. Washington University in St. Louis, Мисури

„Домовите тука се прекрасни, тие се пространи, со убави теписи и душеци “, вели ученик. „Повеќето домови имаат заеднички бањи, за 4-6 лица, а школото обезбедува персонал за чистење на тушевите, мијалниците, бањите. Сместувањето е прилично скапо, но луксузно во споредба со многу други универзитети.“