[Галерија] Наградените дела на Trash for art 2015

Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди, соопшти „Пакомак“. Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

Наградите беа доделени во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Погледнете ги наградените дела во галеријата што следува:

Категорија поединци и други институции:

1 место – ЗМЕЈ на Дарко Базерко

2 место ОРЕЛ на Стојан Тасевски

3 место ГЛАВА на Бојана Кокиновска

Категорија основни училишта:

1 место ВЕСЕЛАТА ДРУЖИНА, ОУ „Браќа Миладиновци“- Скопје

2 место ЖИВОТНИ на ОУ „Св. Климент Охридски“- Битола

3 место ВОЗ на ОУ „Блаже Конески“- Скопје

Категорија градинки:

1 место ПРИНЦОТ ЖАБА на ЈОУДГ „Борис Трајковски“- Демир Капија

2 место ПИНГВИНИ на приватна градинка „Green House“ – Скопје

3 место 4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА на ЈУДГ „Детска радост“ Скопје