[Галерија] Зиги Марли од Егзит: Љубовта е нашата религија

„Љубовта е наша религија – да престанат убивањата во име на религијата и политичките поделби“ порача синоќа Зиги Марли преку својата музика, на втората вечер од 18. издание на Егзит фестивал во Нови Сад.

Фото:Егзит

Пред насобраната публика на Петроварадинската публика, синот на Боб Марли, приреди енергичен настап докажувајќи ја својата титула „јамајкански реге крал“.

Фото: Егзит

Добитникот на осум Греми награди започна со песните „Love is my religion“ и „World revolution“, по што продолжи со најновиот сингл „Circle of peace“, а отпеа и познати песни на неговиот татко.

Претходно, на главната сцена настапи „Maika“, а во текот на ноќта настапија и Френч Монтана, Џекс Џоунс, Бурак Јетер и Ерик Касел. На Денс арена, пак, во раните утрински часови настапи Maceo Plax.

Втората вечер на Егзит помина за миг. Атмосферата се создаваше уште пред влезот на тврдината, каде оние кои не сигнале на време да си купат карта можеа да ја добијат за 3000-4000 динари (1500-2000 денари).

Внатре, пак, атмосферата веќе беше разиграна. На „Експлоужн“ сцената се скокаше и пееше на британскиот бенд „Cockney rejects“.

@cockneyrejectsofficial @exitfestival #exitfestival2018 #punk #music

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

На Латино сцената, публиката се препушти на звуците на самбата. Оние кои сакаа релаксација од целата фузија на звуци, уживаа во уникатната музика на „Global Village People“.

А имаше и такви кои останаа до три часот наутро за да го ислушаат трибјут бендот за ЕКВ.

За денес толку, за повеќе се читаме утре. Тимот на Радио МОФ се одјавува.

Е.П.