[Галерија] Животот во најскапиот град на светот, поделен поради нафта

Од 2002 година, Ангола уживаше масовен економски развој благодарение на нафтата. Но, во главниот град, огромната поделба меѓу богатите и сиромашните е видлива во линиите меѓу новите, раскошни згради и сиромашните населби.

Оваа година, градот Луанда кој брзо се развива, повторно беше прогласен за најскап град во светот за неговите жители. Трошоците за живеење се околу 3.259,32 долари месечно, што е за нијанса повеќе од Њујорк и Сан Франциско. Зошто? Бидејќи падот во глобалната цена на маслото ја потресе економијата на Ангола, затоа што нафтата опфаќа повеќе од 95% од извозот.

Фотографот Матео де Мајда ја посетил Луанда и открил длабоко поделен град. На делови, вели, изгледа како Дубаи, а други делови се изградени до половина и осиромаштени.

Во годишната анкета за животни трошоци на Mercer, Луанда е на врвот на листата поради неверојатно високите цени на добра. Со тоа е над Сеул, Женева и Шангај. Овие трошоци ја разгоруваат огромната нееднаквост во градот, која де Мајда успешно ја овековечил во своите фотографии.

Ги опишува „куповите високи и голи структури – скелети кои требало да бидат облакодери, но итно се прекинало со градбата“ поради падот на цените на нафтата.

Има неверојатна разлика меѓу натрупаните, сиромашни соседства, и скапите згради каде месечната кирија е меѓу 7.000 и 16.000 долари, вели де Мајда. Околу пет милиони луѓе се борат за простор во градот, каде три четвртини живеат во привремени, монтажни домови за кои немаат никаква документација, ниту сопственост над земјиштето.