[Галeрија] Живот во најзагадениот град на светот, Њу Делхи

Главниот град на Индија е место сo воздух кој едвај се дише и вода што не е за пиење. Од небото до почвата, Делхи е екстемно загаден град во кој има популација двојно поголема од таа во Њујорк.

Иако Пекинг во Кина најчесто се наоѓа на насловните страници по загадениот воздух, глобалната студија на загадувањето на воздухот во 2014 година, направена од страна на Светската здравствена организација, покажа дека воздухот во Делхи содржи неколку пати повеќе ситни честички од тој во Пекинг.

За да добие увид на она што се случува во градот и како се живее во такви услови, фотографот Метју Пејли поминал пет дена во Делхи. Преку фотографиите може да се видат физичките резултати од интензивната урбанизација, густината на автомобилите, како и практиката на горење на отпадот. Сите тие придонесуваат за дебелата, жолта магла над градот. Дури и светата реката Јамуна не е поштедена од сериозното загадување иако се смета за втора Ганг според религиозно значење и обредите на Хиндусите, а која со своите 1.376 километри тече низ Индија и обезбедува вода за 57 милиони луѓе. Осумдесет отсто од загадувањето во реката влегува по должината на 22,5 км, кои течат низ Делхи. Ерозија на почвата, отстранување на отпадот и хемиските соединенија оставаат црни дамки или бел филм во водите. Погледнете ја галеријата објавена на Нешнал Географик.