[Галерија] Земјотресот во Италија преку фотографии

Спасувачите бараат преживеани во Аматриче и околните села, откако земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ги остави локалните жители под урнатите згради.

Јавниот телевизиски сервис Раи јави дека е потврден 21 смртен случај. Шест луѓе починале во блиското село Акумоли. Има и 10 починати во Пескара дел Тронто, северно од епицентарот, и уште пет во Аматриче.