[Галерија] Земјотресот од 63′ прикажан низ фотографиите на Томислав Петернек

Скопје денеска одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој над 1000 луѓе починаа, а повеќе од 3000 беа повредени. Земјотресот се случи точно во 5 часот и 17 минути наутро, а траел 20 секунди. Од силниот потрес, биле урнати илјадници станови и куќи, а над 200 илјади луѓе останале без покрив над глава.

За овој трагичен настан сведочат фотографиите на бројни познати фотографии од целиот свет, меѓу кои и на српскиот фотограф Томислав Петернек. Тој пред три години одржа изложба токму од фотографиите што ги направил по земјотресот во Скопје.

Петернек се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

Во продолжение, погледнете дел од неговите фотографии направени по земјотресот.