[Галерија] „Здраво млади“ и „!!! Чк чк чк“ ја раздвижија скопската публика

Бројна публика и одличен настап на „!!! Чк чк чк“ на четвртото издание на фестивалот „Здраво млади“ кој синоќа jа раздвижи скопската публика пред Младинскиот културен центар.

!!! 2Американскиот грув-колектив кој за првпат настапи во Македонија, почнувајќи половина час по полноќ им приреди на присутните одлична забава. Настапот траеше повеќе од еден час, а најголемите овации од публиката стигнаа за хитовите од нивниот последен албум „THR!!!ER“ и изведбата на „One Girl / One Boy“ и „Even When the Water’s Cold”.

!!!Фронтменот на бендот Nic Offer ниту за еден момент не застана во место на сцената, за на средината на настапот да се симне меѓу присутните пеејќи заедно со публиката. Бендот изведуваше песни од повеќето албуми, а за бисот на крај ја зачуваа „Heart of Hearts“.

[Галерија] „Здраво млади“ и  „!!! Чк чк чк“ ја раздвижија скопската публика Пред „!!! Чк чк чк“ публиката пееше заедно со „Дисциплин А кичме“, додека концертот нешто по 19 часот го отворија , „ТРУС!“, по што следеа Фонија и „Софт мун“.

ФонијаИнтересна забава за посетителите беше и Dance натпреварот каде како водител се појави Да Џака Накот. Дваесетина натпреварувачи од публиката се натпреваруваа во танцување, а одлуката ја носеа судиите од Бугарија Yanitza Stankeva и Ekzarka Sleepwaligz.

Денс офНатпреварот се одвиваше во паузите помеѓу бендовите, а победничката си доби фестиваски Skopje Fixie велосипед.

Денс оф победник - СањаОдлуката фестивалската бина годинава да биде поставена на самата улица, односно на коцката кај МКЦ се покажа како одлично решение. Сцената беше свртена со грбот кон Центар, а заградениот простор доволен за секој од посетителите да има доволно место за забава.

„Здраво млади“ – фестивалот на нова музика донесе значајна свежина во скопскиот културен живот – во досегашните три изданија гостуваа одлични артисти, од кои многумина за првпат во Скопје. Со  успешниот настап годинава и „!!! Чк чк чк“ се најдоа на оваа листа.

Ј.Ј.