[Галерија] Зависноста од мобилните телефони како крадец на секојдневието

Францускиот фотограф Antoine Geiger создава слики на луѓе чии лица се вшмукуваат во нивните мобилни телефони. Проектот SUR-FAKE, се осврнува на прашањата за зависноста од технологијата.

Antoine Geiger е 20-годишен фотограф кој живеел во Англија, Франција и Холандија. Во текот на последните две години тој имал четири изложби. Неговата работа потсетува и на уметникот Max Cavallari, кој исто така е засегнат од влијанието на технологијата во секојдневниот живот.