[Галерија] Заштитни маски се делат пред Влада – започнува протестот за воздух

Со поставување транспаренти пред Владата, но и делење заштитни маски за оние што дојдоа, започна граѓанскиот протест против енормно загадениот воздух во земјава.

Присутните им упатија свирежи на оние кои седат во владината зграда.  Блокирана е улицата пред Влада

„Ни го земате здивот“, „Воздух сега“, „Вие и вашите деца дишете друг воздух?“, се дел од пораките кои ги упатуваат присутните кон институциите.

12460013_701272536639688_224804229_n

12442800_701271679973107_247037092_n

Улицата пред Влада е блокирана, а полицијата е распоредена покрај тазе направената ограда на објектот.

12431378_701271596639782_1727923668_n

„Протестираме против загадувањето на воздухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!“, порачуваат од иницијативата „Излези за воздух!“, поддржана од дваесетина здруженија и граѓански движења.

12434733_701271573306451_932702101_n
12463756_701273279972947_546727357_n