[Галерија] Запуштениот „Жена парк“ во Тетово

„Жена парк“ во Тетово повеќе личи на депонија наместо на простор каде што треба да уживаат и да се прошетаат жителите на градот. Во запуштениот парк пасе добиток, има бездомни кучиња, но и многу отпад кој што го создаваат пазарџиите и го  транспортираат овде.

Членовите на Медиа / арт клубот од Тетово, за да ја запознаат јавноста со грдата слика изработија фото-галерија која покажува во каква состојба денес се наоѓа паркот.

Галеријата ја направија Мартина Гиченко, Ема Манојлоска, Неда Јосифоска,Тијана Тошева и Злата Јовановска.