[Галерија] Започна снимањето на краткиот игран филм „Карма“

Викандов падна првата клапа на краткиот игран филм „Карма“ во режија и по сценарио на Владимир Митревски кој од 18 до 21 октомври се снима на повеќе локации во Скопје.

Karma7

Филмот е кратка приказна за неколку човечки судбини кои меѓусебно се испреплетуваат. Централна фигура е Боби (Димитрија Доксевски) млад човек и татко, чие дете боледува од тешка болест. Неговата цел е по секоја цена да обезбеди средства со цел да го спаси својот син и поради тоа прифаќа да учествува во грабеж на банка, воден од неговите пријатели Мичо (Милан Тоциновски) и Бугар (Аксел Мехмед), сметајќи дека тоа е единствениот начин.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија. Копродуценти на филмот се Факултетот за драмски уметности од Скопје и Living Pictures од Белград.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, продуцент е Дејан Крајчевски, а додека останатиот дел од екипата ја сочинуваат истакнати филмски работници од Македонија.

Актерската екипа ја сочинуваат Димитрија Доксевски, Милан Тоциновски, Аксел Мехмед, Симона Спировска, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Ненад Нацев, Владимир Петровиќ, Симон Манасковски, Калин Крајчевски и Владимир Митревски, информираат од продуцентската куќа „Круг филм“.

Karma3

Karma4

Karma2

Karma8

Karma5

Karma1