[Галерија] Забранети корици на музички албуми

Кориците на албумите можат да бидат забранети од различни причини. Ова е дел од целата листа во која се прикажени првичните верзии на кориците и причините поради кои биле забранети.

Албумот „Two Virgins“ на John Lennon и Yoko Ono беше дистрибуиран во кафена хартиена торба за луѓето да бидат поштедени да гледаат во голотија што според Lennon претставува „два малку дебели поранешни зависници“. Ова исто така, претставува еден од првите селфи слики направени со тајмер.

Концептот на албумот „Diamond Dogs“ на David Bowie од 1974 година претставува слика на Guy Peelleart која првично прикажуваше анатомско-точен кучешки пенис низ корицата на албумот. RCA Records ова потоа го покрија.

 

Многу продажни места не го одобрија албумот „Bat For Lashe“ од 2012 година иако Natasha Khan отиде во крајност да се прикрие со човек на себе. Супермаркетите сметаа дека е потребна и дополнителна налепница.

 

Корицата за албумот „Yesterday and Today“ на групата „Beatles“ објавена во 1966 година, претставува пресвртница, односно групата за првпат била критикувана од медиумите. Откако претходно испратиле неколку копии до медиумите, критиката била толку силна што биле повлечени 750 000 копии.

 

Американските продавници како Вол-Март и К-Март беа незадоволни од корицата на која е прикажано бебе до кое пишува „Не е важно“ по што групата „Nirvana“ стави неколку налепници врз половите органи.

 

 

Корицата на албумот на групата „The Game“ предизвика негативни критики поради тоа што на неа е прикажан ликот на Исус на која пишува „придружи се на крвниците и продавај трева“.

 

Насловната на албумот на групата Pink Floyd „Wish You Were Here“ од 1975 година беше забранета од повеќе маркети поради тоа што била „премногу насилна“.

 

Прошетка покрај залив или фрлање на телото на својата сопруга во океанот? Ова е насловната од албумот на Eminem.

 

Изгледот на корицата на албумот од групата „Tenacious D boys

 

Led Zeppelin за насловната страна на албумот „Houses of the Holy“ во 1973 година прикажуваше голи деца истакнувајќи ги нивните задници, иако во подоцната верзија тие беа засенети.

 

Како спин од насловната за албумот „Heavy Petting Zoo“, насловната на групата NOFX за синглот „Eating Lamb“ беше уште поексплицитна и повеќе забранета.

 

Првичната верзија на овој албум е насловот „Metal Up Your Ass“ каде е прикажана тоалетна шолја од која излегува рака која држи нож.