[Галерија] Забранети фотографии прошверцувани од Северна Кореја

Фотографиите се дело на Ерик Лафорг, кој успеал да ја посети Северна Кореја шест пати. Тој морал да шверцува мемориски картички нелегално од земјата, што довело до забрана за негов понатамошен влез во таинствената и затворена азиска земја. Преку негови коментари, Лафорг објаснува зошто овие негови фотографии не биле дозволени од севернокорејските власти.

koreja-fotografija-1

Лафорг објаснува дека оваа фотографија на војник кој спие во трева, била причина за неговото протерување од Северна Кореја.

koreja-fotografija-2

Додека Лафорг го сликал најдлабокиот подземен метро-систем во светот некој му рекол да ја избрише фотографијата бидејќи го вклучувала и тунелот.

koreja-fotografija-3

Службите од Северна Кореја мразат кога се фотографираат вакви призори. И откако им кажав дека сиромаштијата постои на секаде во светот, дури и во мојата држава, тие ми забрануваа да фотографирам сиромашни луѓе.

koreja-fotografija-4

Забраната за црниот пазар во Северна Кореја е доста строг, но сивата економија е честа – луѓето продаваат цигари или слатки за екстра заработувачка.

koreja-fotografija-5

Пјонгјанг се смета за пример кој треба да ја репрезентира Северна Кореја, така што фасадите внимателно се одржуваат. Но кога добивате ретка шанса да погледнете внатре, темната вистина станува очигледна.

koreja-fotografija-6

Прикажување сиромаштија е забрането, но големо табу е и прикажувањето на богатството во Северна Кореја. Едно неделно попладне во парк наидов на овој автомобил на некој од елитата во Пјонгјанг. Власникот спремаше скара.

koreja-fotografija-7

Забрането е и фотографирање на војници кои се опуштаат.

koreja-fotografija-8

Градежни работници – Северна Кореја има многу ниски стандарди на безбедност при работа.

koreja-fotografija-9

Кога го посетив делфиниумот во Пјонгјанг, можев да ги сликам животните, но не и војниците кои сочинуваат 99 проценти од публиката.

koreja-fotografija-10

Лафорг објаснува дека ваква ситуација никогаш не смее да се случи. Метла која е потпрена на основата на статуата на Ким Ил Сунг.

koreja-fotografija-11

Водичите ве охрабруваат, кога посетувате семејства чии деца имаат компјутери, да ги фотографирате и покрај тоа што, како во овој случај, во овој дом нема електрична енергија.

koreja-fotografija-12

Ред за автобус.

koreja-fotografija-13

Кога автобусите се расипуваат.