[Галерија] Wonderland – надреален фотосеријал инспириран од бајките

Во проектот Wonderland на фотографката Kirsty Mitchell можат да се видат апстрактни костими богати со детали, фотографирани во прекрасни природни пејзажи.

Mitchell го започнала овој фото проект после смртта на нејзината мајка во 2009 година, а за да го заврши ѝ биле потребни шест години.

Серијалот, кој фотографката го опишува како „приказна без зборови“, бил инспириран од љубовта на нејзината мајка Maureen кон книгите. Mitchell работела бавно и внимателно, а понекогаш чекала и цела година за климата и растот на растенијата да одговараат за фотографија.

Различните временски периоди го покажуваат поминувањето на времето, а ликовите се инспирирани од бајките кои мајка ѝ ѝ ги читала кога била девојче.

 

Извор: Viralnova