[Галерија] Најубавите градби низ светот изградени или проектирани во 2014

Од над 3000 згради дизајнирани и креирани во изминатата година, ова е потесната листа на згради кои се во трка за признанието „Зграда на годината“.

Во листата има по пет градби во секоја категорија, од куќи и станови до образовна и здравствена архитектура. Проектите кои се дел од натпреварот потекнуваат од Кина, Чиле, Виетнам, Италија, Полска и Бурунди со идејни решенија од познати фирми.

Куќa за дрвја (Виетнам) – Целта на овој проект е да се врати зеленилото во градот, сместување обложено со високи тропски дрва. Пет бетонски кутии се дизајнирани така што ќе служат како саксии за да се насадат дрвја на нивниот врв. Овој дизајн исто така нуди поголема заштита од ризикот при поплави во градот.

Куќа на бесконечноста (Шпанија) – Во Кадиз, местото што се смета за дел од земниот рај, е изградена бесконечна рамнина наспроти бесконечното море. Како што велат дизајнерите на овој проект, ова е една од поекстремните куќи кои некогаш ги направиле.

Земјоделска градина (Виетнам) – Ова го претставува предизвикот на спротивставувањето на климатските промени, сушите, поплавите и засолувањето на почвата. Зградата е сместена до голема фабрика за чевли и е дизајнирана за децата на работниците во фирмата.

Иновативен центар UC (Чиле) – Целта на овој проект е да се придонесе кон пренесување на знаењето, идентификување на можностите за бизнис, додавање вредност на постоечките човечки ресурси или регистрирање на патенти со цел да се подобри конкурентноста на земјата, а со тоа и нејзиниот развој.

Зграда на вода (Кина)

Фондација „Пате“ (Франција) – Уметноста на внесување зграда во историски градски блок значи вклучување во отворен, физички дијалог со оние кои се веќе таму.

SISII  (Јапонија) – Овој бренд е основан во Мотомачи и претставува изложбен салон во комбинација со канцеларија. Составен од три дела во кои луѓеto можат да разгледуваат облека, да се среќаваат со луѓе и да работат.

Библиотека во Мујинг (Бурунди) – Првата библиотека во овој регион, е дел од идното инклузивно училиште за деца со изгубен слух со цел да се создаде поголема партиципативен пристап.

Меѓународниот аеродром Пулково (Русија) – Новиот терминал на Гримшов на аеродромот е достапен за јавноста. Аеродромот е сместен во Санкт Петерсбург.

Спортскиот хаб во Сингапур (Сингапур) – Во јуни 2014 година, Сингапур го одбележа отворањето на првиот спортски хаб за интегриран спорт, рекреација и забава.

Општинската црква во Кнарвик (Норвешка) – Оваа црква се наоѓа на западниот брег на Норвешка, со поглед кон културниот пејзаж и локалниот градски центар. Објектот е внимателно прилагоден на ридот и природната средина.

Дестилерија (Велика Британија)

Марктал Ротердам (Холандија) – На историската локација на Биненрот, до најголемиот отворен пазар за свежа храна во градот, започна да функционира првиот покриен пазар во Холандија.