[Галерија] Волонтерска акција на младите во Гостивар за уредување на кејот

Повеќе од 200 ученици од основното училиште „Единство Башкими Бирлик“, како и од средното  економско и медицинско училиште во Гостивар организираа акција за чистење и уредување на градскиот кеј.

Акцијата беше организирана од општина Гостивар и проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Младите го исчистија ѓубрето на кејот, ги реконструираа и обоија оштетените клупи, ја обележаа велосипедската патеката и поставија паркинзи за велосипеди.

Иницијативата на младите е чекор поблиску кон создавање на поеколошки град и општествено одговорни луѓе како што велат тие во писмото кое го испратија до општината преку кое ја изразија својата желба и подготвеност да ја започнат оваа акција.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија кај младите и него го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум.

Ѓ.Б.