[Галерија] Влијанието на пренаселеноста и прекумерната потрошувачка врз природата

Со цел да се подигне свеста за пренаселеноста и прекумерната потрошувачка, една група смета дека наједноставен начин да се направи тоа е да им се покаже на луѓето.

– Бранови на човештвото

Мексико Сити се протега низ пејзажот поместувајќи го секое делче на природните живеалишта

Ако нашиот вид започна со само две личности во првичните времиња на земјоделските практики пред околу 10 000 години, а се зголемува за еден процент годишно, денес човештвото би била солидна топка од месо неколку илјади светлосни години во дијаметар, како и проширувајќи се со радијална брзина, занемарувајќи го релативитетот, ќе биде многу пати побрзо од брзината на светлината – вели Gabor Zovanyi.

– Пожари предизвикани од нафта

Поглед од горе на пожарот предизвикан од нафта, откако во 2010 година се случи катастрофата во Мексиканскиот Залив

Мораме да сфатиме дека не само што одреден објект има ограничен капацитет, но и дека тој капацитет се намалува, а побарувачката расте. Се додека ова разбирање не биде суштински дел од нашето размислување и не влијае на нашите национални и меѓународни политики ние едвај ќе можеме да видиме во која насока оди нашата судбина – William Vogt.

– Стадо

Индустриското производство на добиток во Бразил

И покрај тоа што индустријата се врти, концентрираната исхрана на животните не е единствениот начин да се одгледа добиток и живина. Илјадници фармери и земјоделци воведуваат растително производство, пасишта, или стада со добиток и живина за рамнотежа на хранливите материи во рамки на нивните активности и да го намалат загадувањето надвор од фармите преку конзервација и управување со земјиштето. Сепак, овие одржливи производители, кои мора да се натпреваруваат со фабричките фарми за удел на пазарот, добиваат релативно малку или не се јавно финансирани за нивните начини на здраво управување – Martha Noble.

– Јужниот градски трговски центар во Калкута, Индија

Потрошувачката култура се шири на глобалниот југ

Во земјите во развој, проблемот со населението се гледа помалку како проблем поврзан со бројот на луѓето отколку со западната прекумерна потрошувачка. Сепак, со развојот на заедницата, единствено решение за проблемите на земјите во развој е да го пренесат истиот неодржлив модел кој е причина за прекумерната потрошувачката на Западот – Kavita Ramdas.

– Оранжерии растат оранжерии

Колку што може да догледа окото, оранжериите го покриваат пределот во Алмерија, Шпанија

Ние сме робови во смисла дека сме зависни од нашиот секојдневен опстанок врз основа на проширена или одмината агроиндустриска империја, машина која е непрактична, која специјалистите не можат да ја сфатат, а менаџерите не можат да ја управуваат. Која, исто така, ги проголтува светските ресурси со огромна брзина – Edward Abbey.

– Сеча на дрва во Британската Колумбија

Понекогаш нарекувана и Бразил на Северот, Канада не беше добра кон своите природни шуми поради сечењето на шумите на островот Ванкувер

„Човековата доминација над природата е едноставно илузија, еден минлив сон на наивни видови. Тоа е една илузија која не’ чинеше многу, заведени од нашите соопствени дизајни, што ни даде повод да се пофалиме со нашата храброст и генијалност, но сеедно, тоа е илузија – Donald Worster.

– Бран од ѓубре

Индонезискиот сурфер Dede Surinaya фаќа бран во далечина, но покриен со ѓубре во заливот на Јава, Индонезија, најнаселениот остров на светот

Водата и воздухот, двете суштински течности од кои целиот живот зависи, стана глобална канта за ѓубре – Yves Cousteau.

– Правоаголни полиња

Нема простор за природата, целото поле е посветено на растителното производство во Кина

Глобалиазацијата, која се обидува да ги спои сите локлани, регионални и национални економии во еден светски систем бара хомогенизирани локално приспособени форми на земјоделството, заменувајќи ги со индустриски систем, централно управуван, интензивна употреба на пестициди, едно растително производство за извоз, дизајниран за да овозможи тесен опсег на преносна храна на светскиот пазар – Helena Norberg-Hodge.

– Крави и чад

Добиток пасе покрај пожар во џунглата Амазон во Бразил

Низ историјата, човековата екскплоатација на земјата ја има предизвикано оваа прогесија на колонизирај-уништи – Garrett Hardin.

– Нафтени извори

Осиромашените нафтени полиња се уште еден симптом на еколошко надминување гледано од положбата на реката Керн покрај нафтеното поле во Калифорнија

Не разбирам зошто кога нешто ќе уништиме што е создадено од човекот го нарекуваме вандализам, но кога ќе се уништи нешто што е создадено од природата ние го нарекуваме напредок – Ed Begley, Jr.

– Мртва птица

Во Мидвеј Атол, далеку од центрите на светската трговија, албатрос, мртов од внесување премногу пластика, се распаѓа на плажата што претставува вообичаена глетка на овој далечен остров.

Секако дека судбината на човечките суштества е како онаа на животните, истата судбина ги чека и двата вида, како што едниот умира, умира и другиот. Сите го имаат истиот здив – Ecclesiastes.

– Сиромашниот кварт

Жителите на сиромашниот кварт во Порт-о-Пренс, Хаити, се соочуваат со мрачни услови за животво најсиромашната земја од западната хемисфера

Измамниците тргуваат со физичката безбедност и јавното здравје за неколку метри квадратни земјиште и одредена безбедност од иселување. Тие се пионери во доселување на мочуришта, поплавени земјишта, вулкански падини, планини од ѓубре, хемиски депонии… Ваквите места се нишка на сиромаштијата во областа на екологијата на градот и многу сиромашни луѓе немаат друг избор освен да живеат во катастрофа – Mike Davis.

– Сеча на дрва

Индустриското шумарство ги деградира јавните земјишта, Националната шума во Орегон

Иронијата е во тоа што овие живи суштества под чија сенка седиме, чие овошје го јадеме, по чии гранки се искачуваме, чии корени ги наводнуваме, на кои од нас ретко им се дава втора шанса, се толку лошо разбрани. Мораме да дојдеме, што е можно поскоро, до едно длабоко разбирање и вреднување на дрвјата и шумите, како и виталната улога што ја имаат, бидејќи тие се едни од нашите најдобри сојузници во несигурната иднина што се развива – Jim Robbins.