[Галерија] Влагата и протекувањето – секојдневие во студентскиот „Гоце Делчев“

Низ вистинска голгота минатата седмица минувале неколку студенти во студентскиот дом „Гоце Делчев“, кога повеќе од една седмица седеле во вода поради пукнат вентил над собите. Револтирани од односот на надлежните и бавното решавање на проблемот, дел од фотографиите кои се уште едно во низата сведоштва за животот во најголемиот студентски дом во Македонија, ги поставија на Фејсбук.

„Знам дека никој не сака да коментира и да реагира од страв дека ќе биде избркан од студентскиот или пак дека нема да добие место наредната година, но без разлика дали имам или немам услови да живеам на друго место, не се плашам да го загубам местото во студентски бидејќи не губам апартман, губам соба метро на метро, погодна за развивање на секакви болести“, пишува студентката Христина Кочовска.

Сега вели Кочовска проблемот над нивната соба е решен, но низ вакви голготи секојдневно минуваат студентите.

Погледнете каков е животот во „Гоце Делчев“ во 21 век:

студентски дом

студентскиот дом

студентскиот дом

студентскиот дом

студентскиот дом

студентскиот дом

студентскиот дом

студентскиот дом

Студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентскиот дом „Гоце Делчев“