[Галерија] „Визуелни поеми“ на Matthias Jung

Германецот Matthias Jung создава свет на надреалистична архитектура креирана врз пејзажи кои самиот ги фотографира.

Работата спојува различни елементи на фотографија за да создаде невообичаени композиции и структури кои вели дека ги памти од своите вивидни сонови. Со сместување на композициските структури во вообичаени пејзажи, Германецот кој по професија е графички дизајнер ги креира овие визуелни измами кои моментално не мамат и прават за миг да помислиме дека ваквите градби навистина постојат.

Jung ги нарекува своите дела „архитектонски кратки поеми“.

Извор: Colossal