[Галерија] „Вивид“ – фестивал на светлина во Сиднеј

Фестивалот на светлина, музика и идеи „Вивид“ во Сиднеј трае вкупно 23 дена, а се случува за време на најстудените зимски денови во Австралија.

Сиднеј е „поплавен“ во светлина, од гигантски животни во зоолошката градина Таронга, до уметност на домородните племиња која ја осветлува иконичната Куќа на операта. Фестивалот предизвика и сообраќајни блокади, бидејќи илјадници луѓе доаѓаат во областа за да ги видат изложбите.

Креативниот директор на „Вивид“, Игнатиус Џоунс, вели дека фестивалот е „ненормален и неверојатен“.

„Тоа е сѐ што сакавме да постигнеме и повеќе. Вивид има за цел да го покаже новото светло на Сиднеј, кој е неверојатен град од многу перспективи. Само што ни даде одлична можност да правиме сосема нови нешта“, изјавил Џоунс за Mashable.