[Галерија] Витешка борба на тврдината во Смедерево – спектаклот „Битка на нациите“ за првпат во Србија

Тврдината во Смедерево, Србија, минатата недела беше домаќин на над 2000 учесници од 39 земји кои ги оживуваа обичаите и воените традиции од средниот век. Витези, мечеви, стрели и лакови, беа само дел од атмосферата на светскиот спектакл „Битка на нациите“ („Battle of the nations“) кој за првпат се одржа во Србија.

Витезите си ги измерија силите преку двобои, се пдржа турнир со групи од 30 учесници, а во финалето се одржа судир на две „армии“ од по 150 витези. Борбите се водеа со вистинско оружје, но прилагодено за да се спречат повреди.

Како дел од програмата се одржуваше и дефиле на средновековни костими, базар на сувенири, детски турнир во стрелаштво, како и музички изведби.

Светското првенство во национални историски средновековни битки случува веќе 10 години низ Европа. За првпат се одржа во 2010 година на тврдината во Хотин, Украина, а потоа и во Полска, Франција, Хрватска, Шпанија, Италија и Чешка.

Фото: Battle of the nations