[Галерија + Видео] Студентска окупација на универзитетот

Со платна на кои пишува „Студентска контрола“, „Автономна зона“, „Слободен универзитет!“, но и транспаренти „Не сте свесни колку сме бесни“, „Ако не ние кој? Ако не сега кога?“, студентите денеска ги окупираа Филозофскиот и Филолошкиот факултет, а ја блокираа наставата на Правниот и Економскиот факултет при УКИМ.

Студентите се револтирани од изгласувањето на новиот закон за високо образование, без дебата и без нивна вклученост. Преку окупацијата тие бараат одложување на примената на Законот до 2018 година, како и вклучување на студентите во носење на новиот закон.

„Мислиме дека на владата и треба притисок, се сомневаме во вистинска волја за подобрување на образованието, 4 месеци револт нема да смират со обични преговори“, велат Пленумци.