[Галерија] „Велика Британија од воздух“ – фотографии на Николас Кран

Заливот во Лулворт, лавиринтот околу дворецот Лонглит, вливот на реката Темза во близина на Леклејд и уште многу други природни и вештачки пејзажи се дел од бесплатна изложба организирана од Кралското географско друштво.

Повеќе од 100 воздушни фотографии ќе бидат изложени во Викторијанските градини на писателот и географ Николас Кран. Фотографиите ќе бидат достапни осум недели пред турнеата низ земјата.

Големите слики ќе бидат наредени по должина на 16-метарска мапа која ќе им овозможи на посетителите да ја откријат точната локација на секоја од нив. Ова претставува дел од националната иницијатива за повторно поврзување на луѓето со нивните предели преку самоиницијативни прошетки.

Ова се дел од фотографиите кои ќе бидат прикажани на изложбата:

Извор: Independent