[Галерија] Унгарски пар од карантин со хумористични копии на сцените од култните филмови

Додека светот се бори против пандемијата со новиот коронавирус, многу граѓани на креативен начин се обидуваат да го искористат времето во домашна изолација. Голем број музеи и галерии ги поттикнуваат луѓето со средства кои им се наоѓаат во нивниот дом да ги имитираат познатите ументички дела.

Фани Ковач и Хосу Норберт, пар од Унгарија, се одлучиле со она што им е на располагање во домот да ги ископираат сцените од некои од култните филмски остварувања.

Па така, во нивните верзии, светлосната сабја на Лук Скајвокер е заменета со блендер, завоите на раката на Роки Балбоа со кујнска ракавица, а наместо базуката на Шварценегер може да послужи пакет тоалетна хартија.

Во продолжение погледнете дел од нивните креативни и хумористични дела кои ги споделуваат на Фејсбук.