[Галерија] Уметник создава реални туристички постери

Уметникот кој го користи псевдонимот Моnk HF создава постери за најпопуларните туристички дестинации во светот, но наместо да го прикаже најубавото и најбараното на овие места, реалистично ги покажува најголемите проблеми на овие држави и градови.

„Најдов неверојатен илустриран постер за Палестина направен од Франц Краус, и си помислив дека треба да направам други, во ист стил но со вистински и точни теми – загадување, миграција, војна…“, пишува уметникот на Bored Panda.