[Галерија] Уметник направи огромен мурал во Каиро без властите да забележат

Меѓу ѕидините на Каиро и купиштата ѓубре се протега уметничко дело, кое на прв поглед изгледа неуредно и недоследно. Но, кога ќе се застане на блискиот рид може да се прочита напишан калиграф со спреј на арапски, чиј творец е туниско-францускиот уметник eL Seed. Написот вели: „Ако некој сака да ја види светлината на сонцето, мора да ги избрише неговите очи“. Цитатот праќа порака дека осудувањето на луѓето само поради нивните околности треба да престанат. Тој го нарече делото „Перцепција“, токму поради таа причина, со надеж дека луѓето ќе го видат минатиот надворешен изглед на областа. За подготовка на муралот му биле потребни три недели. Уметникот вели дека муралот е направен во тајност од египетската влада поради строгите закони во земјата, кои забрануваат ваков вид на уметничко изразување.