[Галерија] Уметник ги користи сенките на секојдневни предмети за да направи илустрации

Винсент Бал ја има вештината да создава уметност со сенки. Овој белгиски уметник и режисер ужива во цртањето, но минатата година тој открил уникатна форма за да ја претстави својата вештина.

„Додека работев на ново сценарио минатиот април, забележав како мојата шолја за чај создаде убава сенка на парче хартија“, вели Бал за Bored Panda.

„Нацртав неколку линии на неа и наеднаш сенката стана слон. Го сликав тоа и го објавив на Фејсбук. Пред да сфатам, фотографијата беше споделувана и „лајкувана“ како никогаш порано. Бев изненаден на колку луѓе им се допадна. Оттогаш секојдневно објавувам такви цртежи. Понекогаш со сенки, понекогаш со предмети, но секогаш со смешен контекст. Одлично е, ми се доаѓа колку е брзо. Имам идеја, ја правам, наоѓам публика, и сето тоа за помалку од еден час. Ја сакам слободата. Нема ограничувања“, објаснува тој.

Во продолжение погледнете дел од неговите интересни цртежи: