[Галерија] Уметница црта минијатурни објекти за да одмори од секојдневните обврски

„Пред единаесет години присуствував на работилница за минијатурни цртежи на Том Бишоп во Чикаго со мајка ми. Таа ме охрабри да се обидам на професионално ниво. Јас веќе сликав со масло и акрил, и многу од моите слики беа мали, но не минијатурни. Откако ја посетив работилницата со мајка ми и се обидував да направам неколку минијатурни слики, се охрабрив да аплицирам за стипендија да учам на Интернационалното уметничко занаетчиско училиште во Кастин, Мејн. Имав можност да бидам дел од класот на Јоханес Ландман, и станав членка, колешка и предавач во школата“.

Вака својата приказна ја почнува Брук Ротшанк, мајка на две деца, која поради домашните и професионалните задачи едвај наоѓала време да ги заврши своите детални минијатурни композиции. Поради тоа, решила секојдневно да црта по еден мал објект со цел да остане продуктивна и помалку фрустрирана од секојдневните обврски.

„Секојдневното цртање ме отргна од тоа да го правам секое дело премногу скапоцено. Можев да насликам еден објект и ако не ми се допаѓа, не е проблем. Ќе има шанса утре“, вели Ротшанк, која појаснува дека во зависност од сложеноста, цртежите можат да и одземат од 45 минути до четири часа, а за други пак, биле потребни неколку денови за да се завршат.

Таа и нејзиниот сопруг Џастин, кој работи на уметност со керамика, планираат да отворат заедничка изложба ова лето. Во продолжение, погледнете дел од нејзините минијатурни цртежи.