[Галерија] Улиците на Токио во доцните вечерни часови

Фотографиите на талентираниот и самоук јапонски фотограф Masashi Wakui го прикажуваат Токио во сиот свој ноќен сјај. Со неговите фотографии, ги посетува маалата и уличките во Шибуја, Шинјуку и многу други дистрикти, и притоа создавајќи надреална атмосфера со неговиот калеидоскопски портрет на Токио во ноќните часови. Wakui фотографира со професионална камера, а потоа ја доработува бојата за да ги направи фотографиите поживописни и топли.