[Галерија] Убавината на подвижните сцени во Тајван

За разлика од фотографите кои се обидуваат да ја фатат искрата на изведувачот на сцена, фотографот Shen Chao-Liang ги изоставува луѓето во неговите фотографии. Наместо нив, тој својот објектив го насочува кон подвижните сцени пред изведувачите да започнат со шоуто.

И покрај отсуството на луѓе, фотографиите на Chao-Liang се доста лични, со тоа што бините ги прикажуваат боите и животот. Без луѓе на нив, тие потсетуваат на напуштен карневал кој бил сниман на крајот од светот.

Првата фотографија Chao-Liang ја направил во 2005 година, а потоа продолжил да работи на проектот. Монтажните сцени според него ги споделуваат заедничките вредности и спомени на луѓето. Во продолжени, погледнете дел од неговите фотографии.