[Галерија] Трет ден на Егзит – забава до бесвест

Третиот ден од Егзит фестивалот во Нови Сад започна на градската плажа, или како што локалците ја нарекуваат Штрада. Во нејзина близина се простира огромниот камп каде престојуваат „жителите“ на Егзит.

Кога влеговме во кампот, вниманието беше вперено во резултатот од натпреварот помеѓу Белгија и Франција на Светското првенство во фудбал што се одржува во Русија. Сепак, дел решија да го искористат сонцето и да му се препуштат пред фестивалската ноќ.

@exitfestival #exitpeople #exitcamp

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

А кога дојде време за забава, се чинеше како сите патишта да водат кон Петроварадинската тврдина. Младите беа испоседнати во огромен број покрај кејот, допивајќи го последното пиво пред да влезат во тврдината.

Внатре, пак, полицијата веќе беше започната со детален претрес на дел од посетителите на фестивалот.

Ѕвезда на вечерта беше ексцентричната Грејс Џонс, која плени со гласот и изведбата. Но, за жал, тоа не можеше да се документира поради барање на нејзиниот менаџмент да не се снима, ниту фотографира концертот. Па, се префрливме на Денс арената каде ги пречекавме Disciples и нивните познати хитови, кои моментално се најслушаните во светот.

@disciples @exitfestival #exitfestival2018

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Забавата подеднакво се одвиваше на сите сцени, но она што нам ни го привлече вниманието беше настапот на Ион Дин Анина на сцената Pachamama world chil in.


Вечерта ја завршивме со Silent disco и со тоа се одјавуваме од Егзит. Останува завршната церемонија за вечерва со бројни музички ѕвезди од калибарот на Дејвид Гета, Алис Мертон, Жу, Нина Кравиц… , но со нас се читате наредна година.

Е.П.