[Галерија] Традицијата и модерниот свет

Овие впечатливи фотографии ја прикажуваат природата на глобализацијата, односно жена од племе во традиционална облека купува намирници во локална продавница.

Жената, од племето Химба во Опуво, Намибија, се појави во локалната самопослуга да купи неколку неопходни работи.

Луѓето од ова племе водат многу традиционален начин на живот, но често може да се видат како ги користат услугите во локалните села и градови.

Жената, која личи како да е во своите рани 20-ти, ја фотографираше шведскиот документарист и фотограф Бјорн Персон.

„Сосема се изненадив од девојката додека купував намирници во еден локален супермаркет, за време на снимањето на документарен филм за племето Химба“. Таа прво не ме забележа, но по некое време таа сфати што го правев“.

Жените кои се дел од ова племе секогаш се облекуваат на овој начин, без разлика дали тие се дома во нивното село, или во посета на големи, модерни градови. Но, тоа е за сопствена убавина и традиција. Тие не се облекуваат само за туристите како што некои племиња го прават тоа.

Косата и целото тело се покриени со посебен вид на кал за да ги заштити од сонцето, а облеката е претежно направена од козја кожа.

И покрај впечатливата разлика што ја даваат фотографиите, локалните купувачи не обрнуваат посебно внимание на девојката. За другите селани, изгледот на жените од ова племе не е необичен.

Бјорн вели: „Тие се навикнати на ова во селото, така што луѓето не загледуваат“.

Се проценува дека племето Химба има население од околу 50 000 луѓе, кои претежно живеат во северниот дел на Намибија и преку реката Кунене во соседна Ангола.

Племето има уникатен јазик и се смета дека се последните полу-номадски народ на Намибија.

Тоа воглавно се семејства кои огледуваат добиток, најчесто овци и кози.

Во 1980 година, племето загуби 90 отсто од својот добиток поради сушата, а многу членови се откажале од своите стада и станале бегалци, или се вклучиле во паравоени единици.

Племето во неколку наврати соработувало со меѓународни активисти за заштита на нивниот начин на живот, спротивставувајќи се на предложената хидроелектрична брана долж реката Кунене, која би можела да го поплави нивното наследство од предците.

Во февруари, 2012 година, протестна декларација против браната беше испратена до Обединетите нации, Африканската унија и намибиската влада.