[Галерија] Светските лидери на Инстаграм

Агенцијата Burson-Marsteller го истражуваше присуството на светските лидери на Инстаграм и интеракциите кои претседателите, премиерите и кралевите низ светот ги имаат со своите следачи на социјалната мрежа која во моментов има околу 400 милиони корисници.

Според резултатите од истражувањето, политичарите ширум светот ја сфаќаат важноста на следењето на технолошките и културните трендови и ПР-поените кои тие ги носат. Вкупно 136 шефови на држави и влади и министри за надворешни работи во моментов имаат официјални профили на Инстаграм, што е 70 проценти од членстово во Обединетите Нации. Последниот отворен профил на една светска влада е оној на британската, од овој месец, открија истражувачите. Анализирани се вкупно 305 профили на лидери, кои имаат вкупно 23 милиони следачи.

Далеку најследен светски водач е американскиот претседател Барак Обама, со нешто над шест милиони следачи. Зад него е рускиот премиер Дмитриј Медведев, кого го следат над два милиона луѓе. Индискиот премиер Нарендра Моди е на третото место со 1.787. 491 следачи, и покрај тоа што има постирано само 37 слики.

lid-1

Во истражувањето, мерена е и „ефективноста“ на секој профил, врз основа на интеракциите (лајкови и коментари) на следачите. И во овој аспект, Обама е на првото место, со во просек 56.000 интеракции за секој пост. Медведев и Моди се зад него, следени од шеикот Мохамед, емирот на Дубаи и шеикот Абдула бин Зајед ал-Нахјан, министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.

lid-2

lid-3

Сликата на еден светски лидер со најмногу лајкови (313.000)

Обама бил првиот светски лидер што отворил свој профил на Инстаграм, на 4 јануари 2012. Постот со најмногу лајкови е сликата со која американскиот претседател им се заблагодарува на гласачите, по изборната победа таа година. Обама го има и постот со најмногу коментари, 200.000 – тој на сликата прима вакцина против грип, користејќи го моментот за да го промовира својот најголем проект, реформата на здравствената заштита, Obamacare.

Министерството за информации на Брунеи е најактивната светска владина Инстаграм-страница, која просечно дневно објавува нешто над четири фотографии.

 

lid-4

Петнаесет светски лидери самите ги менаџираат своите профили на Инстаграм, обично објавувајќи слики од самите себе и селфи-фотографии. Меѓу нив се: претседателите на Индонезија Јоко Видодо, на Аргентина, Маурисио Макри и на Мексико, Енрике Пења Нието, како и премиерите:  @damedvedev,@Erna_Solberg, @LeeHsienLoong,@Najib_Razak, @TRoivas и министрите за надворешни работи: @DidierReynders,@EdgarsRinkevics, @GebranBassil,@kasnms, Khalid_bin_Ahmad,@KristianJensenum и @NasserJudeh.

Еве некои од фотографиите што светските лидери ги објавуваат на Инстаграм:

lid-5

Рускиот премиер Дмитриј Медведев

Кралот на Мароко, Мухамед Шести, со женските членови на семејството

Кралот на Мароко, Мухамед Шести, со женските членови на семејството

lid-7

Аргентинскиот претседател Маурисио Макри објави слика од неговите нозе под работното биро

Канадскиот премиер Жистин Трудо му оддава почит на починатиот актер Ленард Нимој, кој го играше Спок во серијалот „Ѕвездени патеки“

Канадскиот премиер Жистин Трудо му оддава почит на починатиот актер Ленард Нимој, кој го играше Спок во серијалот „Ѕвездени патеки“

Премиерот на Естонија, Тави Роивас ги покажува своите и чорапите на непознат придружник

Премиерот на Естонија, Тави Роивас ги покажува своите и чорапите на непознат придружник

Сушени урми на пазар, слика на министерот за надворешни работи на Бахреин, Халид Бин Ахмед

Сушени урми на пазар, слика на министерот за надворешни работи на Бахреин, Халид Бин Ахмед

Дел од светските лидери ја користат и опцијата да објават кусо видео на нивните профили на Инстаграм. Едно од најзабавните видеа е оваа снимка од риболов на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев: