[Галерија] Судири на демонстрантите и полицијата во Хонг Конг

Полицијата во Хонг Конг ја поврати контролата врз областите кои беа окупирано од демонстрантите, по часови на интензивни судири, кои доведоа до голем број на повреди и апсења, пренесе Гардијан.

Демонстрациите во Хонг Конг или таканаречената чадор-револуција започна со мирни протести на студентите пред седиштето на градските власти, во финансиската област наречена Централ, откако беше објавен контроверзниот план за избори во Пекинг за 2017 година со кој се ограничуваат реформите во изборите.