[Галерија] Студентите на Правниот факултет ја украсија елката со своите желби за 2020

Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје традиционално ја накитија новогодишната елка со пораки и желби за идната година. Некои посакуваат да нема повеќе корупција на факултетот, други планираат да си фатат дечко, а трети се пошегуваа со актуелни случувања од политичкиот свет.

Во продолжение, погледнете дел од пораките што ги забележавме на елката на Правниот факултет.