Студентите од M3DS Академијата за 3Д и дизајн на игри викендов ги изложија своите финални изработки за успешно завршената година.
Посетителите имаа можност да ги погледнат професионалните изработки на студентите, вклучувајќи ги нивните рендери, 3Д модели и 3Д испечатени скулптури. Се одржа и свечено доделување на сертификатите од AUTODESK Training Center на сите положени студенти.
Во продолжение, погледнете дел од нивните изработки: