[Галерија] Студенти географи од „Природник“ во истражувачки поход на НП Маврово

Под мотото „Ја истражуваме Македонија“, студентите од Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ одржаа дводвневна теренска посета на Националниот парк Маврово.

Студентите го посетија селото Жировница, Таировска река, водопадот Дуф, Манастирот Св.Јован Бигорски и многу други природни и културни убавини.

Здружението има за цел да ја издигне географијата како наука и да ги вклучи студентите географи во осознавање на нови работи.

Во продолжение, погледнете дел од прекрасните фотографии што ги објавија студентите од „Природник“, кои наскоро најавија и целосен извештај за теренската активност од НП Маврово.