[Галерија] Студенти географи и биолози во истражувачки поход на Јелачки Црн Врв

Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ заедно со Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) изминатиов викенд (17 август) организирaa еднодневна теренска истражувачка посета на Јелачки Црн Врв (890 мнв) на Шар Планина.

„Патеката е со должина од 10 км (во два правци). Патеката се движи во живописен предел од пасишта и иглолисен шумски појас се до врвот. Од врвот се отвора прекрасен поглед кон средишниот дел од Шар Планина“, објавија од „Природник“ на Фејсбук.

Здружението „Природник“ има за цел да ја издигне географијата како наука и да ги вклучи студентите географи во осознавање на нови работи. ИДСБ, пак, е младинска истражувачка организација што се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата, како и истражување и изучување на биодиверзитетот на земјата.

Во продолжение, погледнете ги живописните фотографии од нивнaта теренска посета на Шар Планина: