[Галерија] Стариот и современиот Париз во една слика

Жулиен Кнез е Парижанин кој има интересно хоби – наоѓа фотографии од Париз направени меѓу 1871 и 1968 година, а потоа го фотографира истиот пејзаж со старата слика инкорпорирана во него.

Ова се неколку од фотографиите вклучени во неговата книга „ Paris, Fenêtres sur l’Histoire“ (Париз, Прозорци кон историјата).

„Кога историските фотографии се вметнуваат во современиот изглед на Париз, се отвораат прекрасни прозорци кон минатото. Повеќе од било кога, современиот набљудувач може да плови во длабочините на времето, како да има можност да шета низ различни фази, во срцето на историјата која сѐ уште се гради“, вели Кнез.

Извор: Bored Panda