[Галерија] Стакло и вода – нови скулптури на Ben Young

Ben Young , уметник познат по своите скулптури од стакло, сподели со јавноста дел од своите последни креации направени од повеќе слоеви на прозорски панели .

„Се надевам дека гледачите ќе можат да ја замислат оваа работа како нешто живо што создава илузија на простор, движење, длабочина и чувство на пространост“, вели Young.

Самоукиот уметник, изработувач на мебел и сурфер ги истражува можностите за изразување преку стаклото повеќе од една деценија, во своето студио во Сиднеј. Секое негово дело се работи рачно низ целиот процес. Погледнете ги неговите последнии дела: