[Галерија] Српски фотограф ги прикажува светските метрополи низ капки вода

„Приказната започнува пред 15 години со фотографија од мојот прозорец“, раскажува фотографот Душан Стојанчевиќ од Белград, кој ги прикажува светските метрополи преку капки вода.

Тој ја задржал оваа техника и фотографиите во тајност, а првпат се обидел да го направи тоа во Њујорк. Дел од фотографиите се на филм, додека останатите се дигитални, но е макро фотографска техника, без Фотошоп.

Ова за него претставува еден вид на уметност и вели дека има намера да прави слични фотографии кога ќе посети друго место низ светот. Во продолжение, дел од неговите фотографии.