[Галерија] Средношколскиот фронт пред МОН продолжува

Кампирањето на средношколците спроти Министерството за образование и наука, како и бојкотот на наставата продолжува и денеска, велат од Средношколскиот пленум.

[Галерија] Средношколскиот фронт продолжува

Тие се жалат дека се уште немаат никаква нова информација од министерството за тоа дали ќе ги прими на разговор и дали ќе одговори на нивните барања.

[Галерија] Средношколскиот фронт продолжува

„Наш претставник од пленумот се обидува да ги контактира надлежните од Министерството за образование и наука, но тие не беа достапни односно не одговорија на неговиот телефонски повик. Одлучивме да останеме овде, без разлика на околностите, без разлика на случувањата кои се во државата, но и без разлика на она што имаме големи притисоци од страна на професорите и директорите, ние не отстапуваме од својот став и остануваме“, изјави Дејан Рајковски од Средношколски пленум.

[Галерија] Средношколскиот фронт продолжува

[Галерија] Средношколскиот фронт продолжува

Средношколците вчера се вратија на настава во училиштата, но само на еден ден, за да ја ресетираат можноста за бојкотот, бидејќи според законот родителите чии деца повеќе од 25 дена континуирано не посетуваат настава, може да добијат казни од две илјади евра.

[Галерија] Средношколскиот фронт продолжува

[Галерија] Средношколскиот фронт продолжува

„Откако го направивме тоа, повторно се собираме овде во кампот и продолжуваме со нашите активности“, додава Рајковски. Од пленумот вчера изјавија дека поради најновите случувања во државата, не се чувствуваат безбедно во кампот поставен во Паркот на новинари и итно бараат средба со ресорниот министер.

Портпаролката на Министерството за образование и наука, Ардијана Ќамили, не одговара на нашите повици за коментар дали министерот Абдилаќим Адеми планира повторно да ги викне средношколците на средба.

Средношколскиот пленум бара задржување на стариот концепт на државна матура за сите генерации, одложување на екстерното оценување, се додека не се подобри неговиот квалитет, како и преземање на други мерки за подобрување на образованието.