[Галерија] Спомениците кои ја поделија Америка

Спомениците на генералите на Конфедерацијата се отстрануваат во неколку американски држави годинава. Сè повеќе градови планираат да ги уништат сличните меморијални статуи, после настаните во Шарлотсвил, Вирџинија, изминатиов викенд. Спомениците се поставени во чест на воени херои кои се бореле за задржување на ропството во САД, а денес се сметаат за расистички, ксенофобични и навредливи за модерното општество. Некои од нив се веќе вандализирани или срушени од граѓаните.

Статуа на Џеферсон Дејвис, преместена од главниот влез на Универзитетот на Тексас во Остин, во 2015.

Статуа на претседателот на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис, отстранета преку ноќ во Њу Орлеанс, Луизијана, во мај.

Работници во Њу Орлеанс го преместуваат конфедеративниот споменик „Битката на Либерти Плејс“ во мај. Градоначалникот изјави дека статуата славела напад врз нивната полиција, која има полицајци од сите раси.

Статуата на генералот Роберт Е. Ли, во Њу Орлеанс, Луизијана, во мај

„Џони Реб“ лежи во камион во јуни, откако бил отстранет од градскиот парк во Орландо, Флорида

Статуа која претставува војник на Конфедерацијата во Пиедмонт паркот во Атланта, вандализиран со црвен спреј.

Работници започнуваат со отстранувањето на статуа во Гејнсвил, Флорида. Ќе биде вратена во локалното претставништво на Соединетите Сестри на Конфедерацијата, кое постои од 1904 година.

Споменик на Конфедерацијата во Балтимор, Мериленд, вандализиран со црвена боја. Градоначалничката, Кетрин Пу изјави дека е подготвена да ги тргне сите споменици.

Срушената статуа на војник на Конфедерацијата пред стариот суд во Дурам, Северна Каролина.

Полиција на должност во близина на статуата на Роберт Е. Ли во Шарлотсвил, Вирџинија. Градскиот совет изгласа да се отстрани статуата и да се променат споменикот и името на паркот, од Роберт Е. Ли во Парк на еманципацијата, што предизвика протести од белите националисти, нео-нацистите, Кју Клукс Кланот и членовите на „алтернативната десница“.